Испечати

Салата од макарони со туна и зеленчук

Салата од макарони со туна и зеленчук

Состојки

  • 300 гр мали макарони
  • 2 конзерви од по 150 гр туна во масло
  • 1 морков
  • 15 црни или зелени маслинки без семка
  • 4 лажици пченка од конзерва
  • 4 лажици маринирани печурки
  • 4 лажици замрзнат грашок
  • 4 лажици посен мајонез
  • по вкус сол
  • 2 кисели краставички (сецкани на коцки)

Подготовка

Морковот исецкајте го на коцки и заедно со макароните ставете ги да се варат во посолена зовриена вода. Варете ги по упатството на пакувањето. 5 минути при крајот додајте го и грашокот и тој да се свари.
Потоа исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода и оставете ги да оладат.
Ставете ги во сад, додајте ја туната исцедена малку од маслото, останатиот зеленчук, посолете по вкус и додајте го мајонезот. Се убаво измешајте и спремна е за сервирање.
Мајонезот можете да си додадете и повеќе ако сакате покремаста салата. Јас не сакав да ми биде на мајонез и додадов само малку колку за вкус.