Коцки обланди со банана и какао(посно)
Состојки
- 400гр. вода
- 500мл. шеќер
- 250гр. маргарин
- 100гр. суво гројзе
- 100гр. мелени ореви
- 100гр. кокос
- 1 банана
- 3 лажици какао
- 500-550гр. мелени бисквити
- 1 пакување обланди
Подготовка
По рецепт на драга пријателка, ја пробав пред многу години и се ушто редовно и се навраќаме на овие обланди коцки.
Подготовка.
На почеток започнуваме со подготовка на филот, во касерола го ставаме заедно шеќерот, водата, сецканото суво гројзе и маргаринот да повријат десетина минути. Откако ќе се растопи маргаринот го тргаме тенџерето на страна и оставаме да се излади. Во меѓувреме бисквитите ги мелеме и оревите. Во смесата ги додаваме бисквитите и мешаме,смесата ја делиме на два дела. Во едниот дел ставаме кокос и пасираната банана, во потемниот дел го ставаме какаото и мелените ореви.Почнуваме со филување на првата обланди со црн фил потоа жолтиот фил или како саката вие.Обландата оставете ја да се стегне и залепи потоа сечете коцки и послужете :)