Суви колачиња Zaleti
Состојки
- 200гр. брашно
- 250гр. брашно од пченка
- 150гр. суво грозје
- 15 гр. квасец
- 1 јајце
- 100гр. шеќер
- 120гр. омекнат путер
- 3 лажици ракија
- 1 рендана кора од лимон
- попотреба млеко
Подготовка
Нешто им запнав на италјанските рецепти =)) Во секој случај не е лошо да ги има тука овие прекрасни суви колачи или бисквити може ќе му се најде рецептот на некого =)) особено на оние кој ја сакат италјанската кујна. Бисквитиве потекнуваат од регионот на Венето, а на дијалектот таму имат поинакво име нешто како Жолти бисквити која ги карактеризира и нивната боја. Јас најчесто си ги подготвувам во зима, затоа што се најубави се кога се јадат топли, но не се лоши и кога се изладени.
1. Сувото грозје ставете го во млака вода да отстои околу пола час, а откако ќе го извадете убаво исцедете го.
2. Квасецот растопете го со млако млеко ( јас ставив околу 70 мл.) со шеќерот.
3. Во садот најпрво замешајте ги двата типа брашна и омекнатиот путер, а потоа додадете ги останатите состојќи..
4. Месете додека не добиете многу меко тесто, ако процените дека тестото е тврдо додајте уште малку млеко.
5. Со ставајте од тестото во обложена тава за печење со хартија. Растојанието од едено до друго колаче гледајте да биде барем 2 сантиметри затоа што ти нараснуваат и може да се залепат.
Печете во загреана рерна на 180 степени 15 минути.
На здравје!