Испечати

Интегрални грицки со се и сешто

Интегрални грицки со се и сешто

Состојки

  • 2 лажици сусамово масло
  • 100 мл вода
  • 50гр бело брашно
  • 50гр ржано брашно
  • 100гр интегрално брашно
  • 1/4лажиче пециво
  • 1/4лажиче сол
  • 1 лажиче лупен сончоглед
  • 1 лажиче семки од тиква
  • 1 лажиче афион
  • 1 лажиче палента
  • 1 лажиче лешник
  • 1 лажиче семе од коприва
  • 1 лажиче лен
  • 1/4 лажиче зеолит во прав

Подготовка

Многу едноставни, вкусни грицки.
Кој нема зеолит не е обавезно да се стави.
Јас имав, па ставив.
Инаку зеолитот е придорен минерал - антиоксиданс, додаток на исхрана.
Зеолитот е прогласен од страна на Светската научна организација за минерал на 20 век, бидејќи поседува огромно прочистување и лековита моќ.
Зеолитот може да се користи во медицината, сточарството,растителната индустрија....
Начин на подготовка.
Прво сите семки ставете ги во процесор на Делимано да се сомелат.
Се ставаат во вангличка сите состојки заедно и се замесува тесто.
На набрашнета маса се сучи кора и се вадат форми по желба.
се редат во плех и се печат по 20 минути на 190 степени.