Испечати

Посна мусака за двајца

Посна мусака за двајца

Состојки

  • 1 главица сецкан кромид
  • 1 сецкан морков
  • 30гр ориз
  • 30гр грашок
  • 30 гр бамји
  • 30гр соја трошки потопени во вода и исцедени
  • 2 компири
  • 1 пропржен црн домат
  • масло, вода, сол, бибер, зачин, чубрика, црвен пипер
  • 1 црвен домат

Подготовка

Многу едноставен и вкусен ручек.
Секако количините може да се променат по потреба.

На загреано масло се пропржуваат кромидот и морковот.
Се додаваат оризот, соја трошките, доматот, грашакот, бамјата и се запржува уште 5-10 минути.
Се зачинува, се додава црвен пипер и се налива вода по потреба околу 300 мл
Се редат круговите компир, а врз нив пропржениот црн домат.
Се печи во релна околу 30 минути на 180 степени.
Свежа салата како прилог по избор.