Видео рецепт: Лазања со спанаќ
Состојки
- 500 гр. спанаќ
- 2 чешниња лук
- 2 јајца
- 1 мала конзерва пелати домати
- 400 гр. моцарела
- 50 гр. пармезан
- 500 мл. млечна павлака за готвење
- 1/2 пакување листови лазања
- малку маслиново масло
- рендано морско оревче
- сол, шеќер и бибер
Фичо ќе ни подготви лазања со спанаќ во кремаст бел сос. Одлична идеја за секоја пригода.
Подготовка
Чекор 1: Во длабок сад ставете го маслиновото масло, спанаќот и исечканото лукче. Изрендајте малку морско оревче за да му дадете посебна нота на јадењето. Кога спанаќот ќе се олади, додадете ги јајцата и мешајте додека да добиете хомогена смеса.
Чекор 2: Дното на тавата во која што ќе печете наредете ја со сечкани пелати, додајте им ½ лажичка шеќер, сол и бибер. Ставете листови лазања на цела површина. Врз листовите лазања, ставете дел од спанаќот, малку моцарела и малку пармезан. Истата постапка повторувајте ја додека имате смеса. Колку повеќе слоеви, толку повпечатлива лазања.
Чекор 3: Прелејте ја со млечна павлака, изрендајте пармезан и изрендајте го остатокот од моцарелата.
Чекор 4: Печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.
Сервирајте додека е топло!
СОВЕТ: Доколу немате свеж спанаќ, може да користите и смрзнат.