Испечати

Торта Медовик (адаптирана од руски рецепт)

Торта Медовик  (адаптирана од руски рецепт)

Состојки

  • тесто
  • 2 лажици мед до врв
  • 1 лажиче сода
  • 1 чајни чаши шеќер
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици вода
  • 2 јајца
  • малку сол
  • 2,5 чајни чаши брашно
  • 100-200 гр. брашно за расукување
  • Крем
  • 800 мл. кисела павлака (колку повеќе, уште подобро)
  • 1 чаша шеќер
  • 2-3 лажици по желба слатко од сливи, вишни или шумски плодови

Подготовка

1 чаша = 200 мл.

1. Две лажици мед до врв се ставаат во тенџере со дебело дно и се оставаат да звриејат со мешање.
2. Ставете ја лажичката сода, шеќерот, двете лажици вода и малку сол и промешајте. Смесата се вари со постојано мешање на среден оган додека да стане заситена темно портокалова, како карамел, но се надгледува да е течна.
3. Се трга од огинот и се додава путерот. Се остава да се излади малку, а во тоа време се разбиваат добро двете јајца.
4. По околу 10 мин. јајцата се додаваат во веќе изладената меднена смеса и се мешаат енергично за да не се зготват од уште топлата меднена маса. Веднаш потоа се додава и брашното. Добро се промешува со лажица, поклопува се со капак или фолија и се остава да одмори најмалку еден час, а може и за два. Тестото е лепливо, но после зреење е малку погусто.
5. Поделете го на 8 делови кои ќе ги расукте многу тенко врз хартија за печење. Горниот дел постојано се наросува со брашно додека не стане речиси транспарентна долна кора. Така рассукајте ги сите кори и печете на 200 С за 5-6 мин. се готови. Да се следат постојано, бидејки брзо може да прегорат.
6. Со чинија со дијаметар 20 см. се сечат готовите кори, а остатоците остануваат за декорација на тортата и се ставаат да се сушат во уште топлата фурна. Одделете ги корите од хартијата.
7. Подгответе крем од павлака со шеќерот. Доволно само да се замати со лажица додека да се стопи шеќерот.
8. На дното се ставаат 2 лажици од павлаката и тогаш се става првата долна кора. На секоја кора се ставаат по 3 полни големи лажици павлака. Малку од неа може да се замати со слатка павлака или свежо овошје и да се стави во средината на тортата.
9. Кога ќе се намачка последната долна кора сите остатоци се натрошуваат на ситно со рака или со блендер. Со сито со мал дел од нив посипете ја обилно тортата на врвот, а останатите се мешаат со 1-2 лажици од останатиот крем предвидени или искористете колку и малку да е остатокот од чашата во која била павлака барем малку да се мокри. Со овие трошки се облепва целата торта отстрани.
Тортата треба да одстои барем една ноќ во ладилникот, велат дека колку повеќе отстои во вкусна станува. Во некои рецепти павлака се меша со сгущенка (карамелизиран млеко), па кремот е уште послатка и е со прегорен шеќер млечен вкус.
10. Бон апетит!