Солено бухтле со сирење
Состојки
- 1 пресен квасец
- 250мл. млеко
- 250мл. вода
- 200мл. масло
- 1 кг. брашно
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- дробено сирење по вкус
- сусам по вкус
- 1 јајце за премачкување
Подготовка
Пресниот квасец го зафаќаме со малку млако млеко и брашно и го оставаме да надојди. Кога ќе стаса ги додаваме млекото, маслото и водата и на крај ги додаваме, шеќерот, солта и брашното. Месиме се додека не добиеме убаво меко тесто и потоа го остававаме да надојди. Кога ќе надојди тестото го делиме на помали топчиња со иста големина и во секое ставаме по малку сирење. Ги затвораме топчињата и ги редиме во намрсен калап оставајќи празно место помегу нив, бидејќи во печењето тие ќе нараснат. Ги оставаме пак да надојдат и пред да ги ставиме да се печат ги премачкуваме со јаце и сусам. Печиме на 180 степени околу 30 минути. Јас ги печев во тркалезна тава бр.34