Крекери со шафран
Состојки
- 100 гр брашно
- 100 гр мешавина од крем сирење и урда или рикота
- 40 гр путер или маргарин во замена
- 2 лажици пармезан
- 1 жолчка
- 1 полна лажица шафран + 1 лажица топла вода
- сол и црн бибер по вкус
Подготовка
Најпрво потопете го шафранот со една лажица вода и оставете го 10-15 мин да ја испушти бојата. Потоа, исцедете го.
Од сите состојки замесете тесто. Замотајте го во проѕирна фолија и оставете го најмалку половина час во фрижидер.
На набрашнета површина развлечете го тестото со дебелина од 4 мм. Со ребрастиот секач за сечење теста исечете го на мали коцки или правоаголничиња. Секое парче избоцкајте го одозгора со вилушка или со дрвено стапче за ражнич.
Наредете ги во плех обложен со пек хартија и печете ги 12-13 мин на 180С додека не примат благо златна боја. За тоа време не ја отворајте рерната. Кога ќе ги извадите од рерна не ги оставајте веднаш на ладно.
* Ако го занемариме изгледот, малку попечени се баш по мој вкус )))