Торта со ореви и портокал
Состојки
- За пандишпаните ( ќе ви бидат потребни 3 пандишпана)
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 2 лажици саморастечко брашно( може и обично само тогаш ќе треба да додадете и 1 лажица пециво)
- 7 лажици мелени ореви
- 1 рендана кора од портокал
- 1 лажица вотка од портокал
- За филот
- 700мл. млеко
- 4 јајца
- 9 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 150 гр . мелени ореви
- 1 сок од портокал
- 350гр омекнат путер
- За декорацијата
- 4 кесички прашок за шлаг
- 400мл. млеко
- 100гр. чоколадо
Подготовка
Да ве почастам со мојата роденденска торта.
Иако роденденот ми беше малку поодамна, главна причина што не ја објавив до сега беа фотографиите, воопшто не ми се допаѓаат. Некако и самата подготовка на тортата и сликањето се беше набрзина и излезе овој резултат, ама за вкусот ви гарантирам дека е превкусна. Чоколадните формички ги правевме со ќеркичката( многу беше горда за тоа), многу имаме желба да помагаме на мамичка. Следната година белким за 30ката ќе се сети некој да ми подари тората ( ова не верувам) ама нели се надевам, како велат надежта последна умира хехехе...
Подготавка на пандишпаните
Во садови за матење со миксер матете ги оделно белките од жолчките со по пола од шеќерот, потоа соединетете ги и додадете им ги останатите состојки и имешајте со шпатула додека смесата не стане хомогена. Печете околу 20 до 25 минути во загреана рерна на 180 степени во тава обложена со хартија за печење.Направете 3 пандишпана.
Подготовка на филот
Во сад за матење изматете ги јајцата,шеќерот и брашното и малку од млекото. Преостанатото млеко додајте го во тенџере на оган. Во тенџерето додајте ја смесата со јајцата и мешајте со лажица додека смесата не се згусти.
Тргнете ја смесата од оган и оставете ја убаво да се излади.
Кога смесата ќе се излади, во сад со миксер изматете го омеканатиот путер , додајте ја изладената смеса, сокот од портокал и мелените ореви мешајте додека смеата не се изедначи.
Откако ќе се излади филувајте ја тортата.
За декорацијата чоколадото растопете го на пареа и со помош на готварски шприц направете форми на мрсна хартија, оставете ги да стегнат, ако ви се брза ставете ги во замрзнувач 15 минути.
Прашокот за шлаг и ладното млеко изматете ги со миксер и со помош на готварски шприц декорирајте ја тортата. Ако сакате шлагот да биде во боја додајте на врв на лажичка прехрамбена боја.