Овошна витаминска салата
Состојки
- 2 јапонски јаболка
- 2 потрокали
- 2 киви
- 2 лажици мед или јаворов сируп
- 1/2 лимон
Подготовка
Еве пак нешто брзо, лесно и екстра витаминозно!
1. Овошјето се лупи, портокалите и кивите се сечкаат на коцки и парчиња, јапонските јаболка се чистат од шишките и со лажичка се вадат парчиња.
2. Сето овошје ставете го во сад, потурете го со сок од 1/2 лимон и додадете го медот.
3. Полека измешајте ја салатата и воала, готова е да се консумира.
Јас спонтано ги добивам идеите за брзи рецепти како овој, а вие можете да додадете какво сакате овошје, банана, мандарина, калинка, јаболко, круша ...
Во секој случај што и да додадете, ќе биде одлично и бомба одвитамини.
Јас би препорачала да ставите доколку имате јаворов сируп или маџун бидејќи се премногу добри за здравјето.
Пријатно!