Испечати

Полнети компири

Полнети компири

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 300 гр. мелено месо
  • 4 лаж. кечап
  • по вкус сол и бибер
  • 6 компири
  • 50 гр. фета сирење
  • 1 јајце
  • малку масло и бело вино

Подготовка

Компирите убаво се мијат и се редат во тавче за печење. Се печат на 200 степени повеке од еден час, всушност зависи и од шпоретот како ви пече. Во тавчето се става малку вода за да примаат малку влажноста за да не бидат многу суви откако ќе се испечат.
Кога ќе бидат испечени се оставаат на страна малку да се оладат за да може да се исечат на половина.
Одкако ќе ги исечете, со помош на лажичка се останува нивната внатрешност.
Сега за подготовка на полнењето - Во тава со малку масло се ставаат исецканиот кромид и морков и е пропржуваат. Во нив се додава меленото месо и се убаво се промешува. Се додава сол и бибер по вкус. одкако тоа ќе биде готово во него се додава внатрешноста од компирите и се убаво се промешува. На крај се додава и кечапот.
Подготвените компири се полнат со добиената смеса и се редат повторно во таваче и повторно се печат . Во тавчето се става малку вода и малку бело вино ( каде што и белото вино може и да се изостави но сепак дава некој посебен вкус).
Кога веќе се при крај со печење компирите врз нив се полева претходно измешано фета сирење и јајцето, се ставаат повторно во шпорет додека преливот убаво да зарумени.