Испечати

Баклава со чоколадо

Баклава со чоколадо

Состојки

  • Тесто
  • 1 јајце
  • 3 жолчки
  • 250 мл млако млеко
  • 125 мл масло
  • 1 прашок за пециво
  • по потреба брашно
  • плус нишесте за расукување
  • За филување
  • 150 г мелен бисквит
  • 100 г млечно чоколадно
  • 200 г сусам
  • 500 г орев
  • 300 г маст
  • Шербет
  • 2 кг шеќер
  • 1 л вода
  • половина лимон

Подготовка

Од наведените состојки замесете тесто. Тестото делете го на 20-22 колачиња. Секое едно колаче делете го на 3 колачиња. Сите три колачиња со нишесте ги расукуваме малечки околу 10 см и сите три ги ставаме едно над друго и ги расукуваме во голема кора. Голема кора ја ставаме во соодветен плех за баклава и ја филуваме со една полна дланка од филот во кој сите состојки сме ги соединиле мелениот бисквит, ренданото чоколадо, сусамот и мелениот орев.
Потоа постапката ја повторуваме и со другите кори така до дојде кора фил кора фил...па се до самиот крај кога ќе дојдете до двете последни кори расучете ги и не ги филувајте последните две кори затоа што не треба да се филуваат.Баклавата исечете ја на коцки по 5 см па потоа секоја коцка на триаголник како на сликата. Накапете ја со претходно растопената маст и ставете ја да се пече на температура 150С - 40 мин потоа оставете ја уште да зори на температура од 100С - 20 мин.

Во тенџете на оган ставте ја водата и шеќерот да зовријат. Откако ќе почнат да вријат додајте го исцедениот лимон и варете точно 5 мин. Млаката баклава прелијте ја со врелиот шербет. Баклавата прекријте ја со соодветен плех така да одгоараат плехот на балкавата и плехот за проклопување.Откако баклавата ќе се олади сервирајте по желба. Добар апетит...