Испечати

Урма бомбици

Урма бомбици

Состојки

  • 10 урми
  • 35 гр. какао за готвење
  • 100 гр. мелени бисквити
  • 2 големи лажици путер
  • 5-6 големи лажици млеко

Подготовка

Многу вкусни бомбици, мора да ги пробате, посебно поради силниот вкус на чоколадо, а во составот нема ни грам чоколадо.
Најпрво потопете ги урмите во топла вода, да омекнат околу 10-тина минути. Потоа исецкајте ги ситно со нож, па промешајте со какаото и мелените бисквити. Додадете го растопениот путер и неколку лажици млеко, па замесете со рака. Формирајте бомбици и уживајте во вкусот -)
Од оваа количина, излегуваат 10- тина бомбици, таман за десерт со шоља кафе.
На здравје