Двобоен колач со вкус на кафе
Состојки
- 1 готов изладен пандишпан со мед
- 500мл. слатка павлака
- 200гр. шеќер
- 100мл. млеко
- 100мл. еспресо кафе ( сварено и изладено)
- 120гр. млечно чоколадо
- 30гр. какао
Подготовка
Испирација за рецептот ми беше италјанското Ѕукотто , разлика е тоа што во Ѕукотто пандишпанот се топи со десертен ликер и во филот има и рикота. Може некогаш ќе објавам рецепт и за него.
Мојот импровизиран рецепт на овој колач многу ме изненади од вкусот и изгледот, домашните и гостите сите го бендисаа.
1. Исечете го изладениот пандишпан со мед кој рецетот го имам објавено тука, на ленти и наместете ги во сад со високи страни ( погледнете ги дополнителните фотографии) и натопете го пандишпанот со измешаното кафе со млеко.
2. Во сад за матење разматете ја ладната слатка павлака и разделете ја на два дела. Во едниот дел додајте го сечканото чоколадо, а во другиот дел какаото.
3.Филувајте го колачот до двата фила така што филот со чоколадо ќе биде одоздола, а филот со какао одозгора.
4. Затворете го колачот со лентите од пандишпан и повторно натопете го со млеко и кафе.
5. Садот со колачот додајте ги во замрзнувач и оставете ги да се ладат најмалку 3 часа.
Декоријате по желба со чоколадни зрна кафе или сечкано чоколадо.
На здравје!