Пандишпан со мед - основен рецепт
Состојки
- 5 јајца
- 180гр. шеќер
- 1 лажица мед
- 150гр. брашно
- 75гр. густин
Подготовка
Основен рецепт за пандишпан со мед со многу стабилна структура, а сепак мек како душа и многу ровок, кој може да го употребите за сите ваши омилени торти.
1.Во сад за матење со миксер матете ги јајцата, кога сосема малку ќе бидат изматени додајте го шеќерот и медот и матете ги додека смесата не се триплира.
2.Брашното и густинот исеете ги со помош на цедалка и додајте ги во изматените јајца на три пати и мешајте со шпатула додека смесата не стане хомогена.
3.Тавата за печење намастете ја со путер и наросете ја со сосема малку брашно насекаде подеднакво.
4. Додајте ја смесата во тавата и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути зависно од рерната или проверете со чачкалица за да бидете сигурни дека пандишпанот е готов.