Испечати

Намаз или дип од леблебија

Намаз или дип од леблебија

Состојки

  • 250 гр брашно од леблебија
  • 300-400 мл вода
  • 4-5 лажици маслиново масло
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 лажица таан
  • 1 лажица куркума
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • бибер, буковец, чили и други зачини по вкус
  • неколку гранчиња свеж рузмарин

Подготовка

1. Лукчето ситно го сечкаме и го ставаме на загреаното масло да пушти мирис, да не прегори, само кратко неколку десетици секунди.
2. Останатите состојки ги промешуваме во еден сад.
3. Водата ја ставаме да зоврие и потоа ја додаваме во брашното, при што мешаме со лажица до посакуваната густина на намазот.
4. Го ставаме и маслото со лукчето. Ставете си и зачини по желба.

Основниот рецепт е овој, а вие како сакате. Намазот е многу убав во комбинација со интегрални крекери кои ги имам објавено овде, како и намачкан на кришка леб.
Со додавањето на вода внимателно и постепено, бидејќи брашното ја впива водата, па можеби оваа количина ќе ви е доволна, а можеби ќе ви треба и повеќе вода.
Леблебија си купив и на лице место ми ја сомлеа во брашно.