Качамак со свинско месо
Состојки
- 800гр свинско месо
- 1/2 кг морозно (пченкарно) брашно
- 1 литар вода
Подготовка
Месото се сече на коцки се посолува, се пржи и се трга настрана.
Во едно тенџере ја ставаме водата и во неа додаваме сол. Водата да зоврие и со лажица се става од брашното во вид на венец. Температурата се намалува на тивко и вариме 15 мин. Се истура водата од брашното, брашното го боравиме со лажица и во него се додава зејтинот што сме го пржеле свинското месо. Брашното и зејтинот се сврзуваат и качамакот е готов и одозгора се става свинското месо.
Добар Апетит!