Испечати

Колач без јајца

Колач без јајца

Состојки

  • 16 лајци врела вода
  • 16 лајци шеќер (може и помалку)
  • 100 мл. масло
  • 16 лајци брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • 4 лајци гриз
  • 1 изрендано јаболко
  • 50 гр. ситно исецкани ореви

Подготовка

1. Шеќерот се ратвора со врелата вода, мешајќи со лајца.
2. Постепено му се додаваат останатите состојки по редоследот.
3. Откако добро е измешана смесата, се става да се пече во намрсена тава (јас ја правам во караванче бр. 26) или во помало плехче обложено со хартија за печење.
4. Се пече на 200 степени околу 35 мин. Се лади и се потура со прав шеќер по желба.

Брзо, лесно, посно и вкусно!
Може по желба да се стави и цимет или брашно од рогач.
Пријатно!