Испечати

Локум

Локум

Состојки

  • 1 л. вода
  • 1 лажичка сок од исцеден лимон
  • 800гр. шеќер
  • 1 лажичка калиум водород тартарат (прехрамбен)
  • 125гр. скроб од пченка
  • 1-2 лажицкаи вода од роза
  • по потреба црвена прехрамбена боја
  • по потреба масло за јадење
  • За декорација
  • 50гр. шеќер во прав
  • 15гр. скроб од пченка

Подготовка

По скоро 2 години дружба на овој сајт дојде редот и на мојот 100ти рецепт. Со оглед на обрврските и двајцата мали палавковковци по дома, но со огрома љубов и желба за дружба на оваа страна дојде и денот да ви го преставам мојот јубилејен рецепт. Огромна чест и задоволство ми е што сум дел од овој прекрасен сајт. Благодарност на сите членки и тимот на Мои Рецепти за сите совети и тајни во кујната што ги научив од нив. Се уште се радувам на секој нов споделен ваш и мој рецепт како во почетокот. Љубов и уметност во готвењето твориме овде, нема зафрканција. Се разбира дружбата продолжува!  
Уште кога го добив рецептот знаев дека ќе биде за јубилејот, а го имам отприлика 1 година, па видете вие колку љубоморно сум го криела хехехехе... Може не и некоја специјалност, ама мене ми е совршен и имав огромна желба да го споделам со вас. Започнуваме!
1. Ќе ви треба квадратен сад или провоаголен отприлика 18 см со високи страни. Намастете го садот со масло за јадење и обложете со убаво со хартија за печење. Исто и хартијата намастете ја со масло за јадење тенок слој.
2. Во дладока тава со тешко дно на оган, додајте половина од водата, сокот од лимон и шеќерот. На тивок оган оставте ги додека шеќерот не се растопи, а мегу време мешајте со дрвена лажица. Кога шеќерот ке се растопи, на тавата ставте и капак, појачете го оганот и остајте го така 1 минута.
3. Тргнете го капакот од тавата и без да мешате остајте го шербетот така да врие се додека не почне да формира меки меури. Или ако ви е така тешко тогаш ставте во шербетот термометар и се додека не постигне температура од 112 до 116 степени тогаш тргнете ја тавата од оган.
4. Во друга длабока тава исто со тешко дно додајте го прехрамбениот калиум, скробот од пченка и преостанатата вода. Ставте ја тавата на умерен оган и мешајте со дрвена лажица внимавајќи да не се формираат грутчиња се додека смесата не стане густа и леплива.
5. Тргнете ја тавата од оган, по малку на повеќе пати додајте го шербетот во тавата и истовремено мешајте внимателно.
6. Вратете ја смесата на тивок оган и остајте ја да врие околу 1 час. Во мегувреме мешајте ја често убаво по дното и по страните . Кога смесата ќе биде готова сосема малку ќе порумени.Тргнете ја од оганот.
7. Во смесата додајте ги водата од роза и прехрамбената боја. Внимавајте да не претерате со бојата како мене . Јас овој пат навистина се занесов и претерав со дозата на бојата, само малку повеќе боја и веднаш прави голема разлика. Размешајте убаво и додајте ја смесата во оболожениот сад со хартија. Оставете така да се лади најмалку 5 часа.  Јас секогаш си ја правам од вечер и ја оставам смесата да се лади цела ноќ.
8.Во сад со цедалка исејте ги заедно шеќерот во прав и скробот од пченка. Со помош на цедалката исејте од одав смеса врз изладената смеса за локуми.
9. Врз хартија за печење обрнете ја смесата од другата страна и нанесте повторно со цедалка од смесата сио шеќер. Ножот намастете го со масло за јадење и исечете кавадратчиња или провоаголничиња од смесата.
10. Сите парченца додавајте ги во садот со шеќерот и убаво увалкајте ги. Чувајте ги во херметички сад разделени со хартија исто како и купечките. Се надевам ќе ви помогнат дополнителните слики.
Од ова смеса излегува околу 1 килограм до 1кг100грами локум.
Јас ви ја презентирав онаа класичната варијанта на локум, а вие може да си ја подготвите вашата омилена на пример на место на водата од роза и црвената прехрамбена вода вие додајте екстракт од ванила , малку зелена прехрамбена боја и 80 гр . лупени сечкани фастци, или сечкани ореви и сусам и така натаму, како ви душа сака.
Совет- Кога ќе ги првите чекорите 5 и 6 бидете многу внимателни со додавањето на шербетот . Додајте го на повеќе пати по малку, овде мора да работите брзо за да не ви се формират грутчиња , ако ви се случи да ви се формират грутчња знајте дека потоа во дегустација многу ќе се приметуват.

И така , се надевам некој ќе проаба да си ги спреми сега за постите.
На здравје!