Испечати

Торта со брусница и пудинг

Торта со брусница и пудинг

Состојки

  • Пандишпан
  • 7 јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 300 грама сецкана сува брусница
  • Фил 1
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 500 мл млеко
  • 100 гр бела чоколада за готвење
  • 5 лажици шеќер
  • по желба чоко попс
  • Фил 2
  • 2 кесички пудинг од чоколадо
  • 500 мл млеко
  • 100 гр црна чоколада за готвење
  • 5 лажици шеќер
  • 1 пакетче ресана
  • За украсување
  • 2 пакетчиња шлаг крем со вкус на чоколада
  • 500 мл млеко

Подготовка

- Во сад за матење ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме додека шеќерот не се растопи. Потоа ги додаваме брашното и пецивото и сместа ја мешаме со лажица. Потоа смесата ја истураме со намрсен плех и врз целата смеса ја распоредуваме брусницата. Пандишпанот го печеме околу 20 минути на 200 степени.
- Фил 1 - Во тенџере на оган го ставаме млекото и додаваме шеќер. Го додаваме прашокот за пудинг и кога пудингот ќе биде готов, ја додаваме белата чоколада за готвење која претходно сме ја изрендале. Мешаме постојано додеќа пудингот не се олади. Кога ќе се олади пудингот додаваме чоко попс.
- Фил 2 - Во тенџере на оган го ставаме млекото и додаваме шеќер. Го додаваме прашокот за пудинг и кога пудингот ќе биде готов, ја додаваме црната чоколада за готвење која претходно сме ја изрендале. Мешаме постојано додеќа пудингот не се олади. Кога ќе се олади пудингот додаваме исецканата ресана.
- Кога пандишпанот ќе биде испечен, го оставаме да се олади а потоа го сечеме на три дела. Првиот пандишпан го филуваме со фил 1, потоа го ставаме вториот пандишпан и филуваме со половина од фил 2. Го ставаме и последниот пандишпан и целата торта ја премачкуваме со останатиот фил.
- 2 пакетчиња шлаг крем матиме со 500 мл млеко и тортата ја украсуваме по жебла.

По желба можете пандишпаните да ги премачкате со ликер или сок. Јас ги премачкав во шери бренди.