Брз афион колач
Состојки
- Смеса (користена е чаша од 180 милилитри)
- 250 грама мелен афион
- 3 чаши брашно
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши млеко
- 1 чаша масло
- 1 прашок за печиво
- Чоколадна глазура
- 50 грама путер
- 2 супени лажици какао
- 4 супени лажици млеко
- 1 супена лажица шеќер
Подготовка
Ова е првиот рецепт кој го имам подготвено. Најомилениот колач на моето детство. Го подготвив на 8 години, нормално со помош на мајка ми околу печењето. Сеуште ми е меѓу најомилените.
Се подготвува многу брзо, лесно, а уште побрзо и полесно се јаде.
Чекор 1
Сите намирници за смесата се матат со миксер. Се пече во загреана рерна на 180 - 200 степени околу половина час. Почекајте да се олади.
Чекор 2
На тивок оган се топи путерот. Се додаваат другите состојки за глазурата и се меша до нејзино мало згуснување. Се полева колачот.
Чекор 3
Откако ќе се олади, колачот се сече на коцкички, правоаголничиња или баклавки. Како милувате.
Вуала!
Колачот е пробан и со интегрално брашно и светол мусковадо шеќер. Замената е одлична.