Супа со кнедли од гриз и пармезан
Состојки
- За кнедли
- 1 јајце
- 4лажици гриз
- 1 лажица пармезан
- 1/2 лажица мешан сув зачин
- 1 лажица масло
- Други состојки
- 1,5л. вода
- 2 моркова
- 1 коцка пилешка супа
Подготовка
Во тенџере на оган ставете ја водата, ренданиот морков и коцката за супа.
Во чинија изматете го јајцето. Додајте го маслото и мешаниот сув зачин, а потоа постепено додавајте го гризот и пармезанот.
Зависно од големината на јајцето ќе си одредите колку гриз ќе ставите,затоа додавјте го постепено за да не ви дојде многу тврда смесата.
Откако супата ќе зоврие тргнете го тенџерето од оган.
Од смесата со лажица формирајте кнедли и додајте ги во тенџерето.
Вратете на оган и варете ја на тивко супата додека кнедлите се сварат.