Испечати

Видео рецепт: Печени свински коленици

Видео рецепт: Печени свински коленици

Состојки

  • 4 свински коленици
  • малку кумин
  • црвен пипер
  • 2 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 1 страк праз
  • 2 поголеми моркови
  • 1 филџан пиво
  • 500 гр. компири
  • маслиново масло
  • сол и сусам

За овие празници, Фичо одлучи да почне со еден од неговите омилени рецепти – Печени свински коленици.

Подготовка

Чекор 1: Месото посолете го и наросете го со кумин. Измасирајте го со црвен пипер и оставете го да впијат зачините. Така вели Фичо.

Чекор 2: На страна исечкајте ги кромидот, празот, морковите и лукот на еднакви парчиња за да се приготват во исто време. И месото исечкајте го на парчиња со иста големина. Запржете го зеленчукот и наредете го во тавата како подлога.

Чекор 3: Извалкајте го местото од колениците во брашно и запржете го. Додадете го пивото и пржете додека не испари. Потоа додадете го во тавчето кај зеленчукот и печете го околу 60 минути на 200 степени во покриена тава.

Чекор 4: Компирите зачинете ги со маслиново, сол и сусам и додадете ги околу месото. Печете уште 30 минути без капак.

Чекор 5: Сервирајте и наздравете!

СОВЕТ: По желба, кога ќе ги додавате компирите, ставете и малку балсамико оцет.