Испечати

Пита со праз,печурки и компири

Пита со праз,печурки и компири

Состојки

  • 500гр. кори
  • 2 страка праз
  • 3 поголеми компири
  • 600гр. маринирани шампињони
  • 100мл. масло
  • 100мл. кисела вода
  • 50мл. бело вино
  • со,мешан сув зачин,црн пипер по вкус
  • 2 лажички црвена пипер

Подготовка

Најпрво празот ситно го сецкаме и го пржиме заедно со ситно сецканите компири. Додаваме малку масло и откако ќе се испржат малку ги додаваме и печурките. Го додаваме и виното и зачините и пржиме 10 минути. Маслото и водата ги тураме во еден сад.
Земаме една кора и со помош на четче ја премачкуваме со маслото и водата, над неа редиме уште една кора и неа ја премачкуваме и редиме трета кора. Над третата кора на едната страна ставаме од филот и виткаме ролат. Постапката ја правиме со сите кори и ги редиме во намрсен плех. Пред да ги ставиме да се печат корите ги сечиме и уште еднаш ги мачкаме со масло и вода.Печиме на 180 степени околу 20 минути.Кога ќе се испечи ако сакате питата покријте ја,јас лично не ја покрив повкусна ми е кога е покрцкава.