Испечати

Шарен куглоф Гроздана

Шарен куглоф Гроздана

Состојки

  • 4 јајца
  • 16 лажици млеко
  • 16 лажици шеќер
  • 3 лажици масло за јадење
  • 16 лажици брашно
  • 2 кесички ванилен шеќер
  • 1 лажица какао
  • сок од пола лимон
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажици растопена маст
  • 100гр. суво грозје
  • попотреба бело чоколадо или шеќер во прав

Подготовка

Рецептот го имам запишано во тефтерот уште од многу одамна, е од една моја вујна по која го и носи името. Го имам запишано како колач Гроздана ама конкретно е во куглоф и малку го променив името.
Многу едноставен и лесен рецепт кој често си го спремам а и кај нас одлично оди за појадок.По дома сите љубиме благи појадоци.

Во сад за матење ги матиме јајцата со шеќерот убаво дендека шеќерот не се растопи у смесата побеле.Потоа се додават и останатите состојки а маста се додава последна.Смесата се дели на два дела, во едниот дел се додава какаото. Во калапот за куглоф се ставаат истовремено од двата фила.
Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. За да бидете сигурни дека е испечен проверете со чачкалица.
Се декорира по желба , јас декорирав со бело чоколадо а вие можете и со шеќер во прав.
На здравје!