Намаз од модар патлиџан и таан (посно, веган)
Состојки
- 300гр печен модар патлиџан
- 2-3 лажици таан
- 3-4 чешниња лук
- малку врело масло
- сол и бибер по вкус
Подготовка
Премногу лесно за да не се направи, а богами и премногу вкусно за да не се направи.
Структурата може да му биде кремаста или ако сакате со мали парченца. Ние по дома ја сакаме покремаста.
Кога спремаме зимница обавезно печеме поголема количина на модар патлиџан, лупиме и ги смрзнуваме. На тој начин во секое време имаме опција за брз и вкусен оброк како Питата со модар патлиџан и лук, Паштетата од модар патлиџан и сирење и филот за тестенини кој никако да стигнам да го објавам, бидејки не стигнувам да го фотографирам =)))
Подготовката е многу лесна. Сите состојки, освен маслото, ставете ги во блендер и убаво испасирајте ги до структурата што вие ја сакате.
Префрлете ја смесата во сад, прелејте ја со малку врело масло и промешајте.
Спојот на вкусови и шмекови мене ми е неодолив.
Совршен за со крекери, како додаток на месо или за мачкање на лепче или тост.
Ви реков дека е лесно.