Видео рецепт: Мус од лимон на чоколадна основа
Состојки
- За МУСОТ ОД ЛИМОН ќе ви треба:
- 8 јајца
- 3 лажици бел кристал шеќер
- 4 лажици кафеав шеќер
- 2 лажици путер
- кора од еден лимон и сокот
- 10 бисквити
- За ЧОКОЛАДНИТЕ МАФИНИ ќе ви треба:
- 120 гр. путер
- 120 гр. чоколадо за готвење
- 110 гр. шеќер во прав
- 6 лажици брашно
- 2 цели јајца
- 2 жолчки
Фичо ќе направи Мус од лимон, сервиран на основа од чоколадни мафини.
Подготовка
Чекор 1: Одвојте ги белките од жолчките. Белките матете ги со белиот кристал шеќер, а жолчките ставете ги на пареа со кафеавиот шеќер. Во жолчките додадете и 2 лажици путер. Во белките додајте го сокот од лимон лажица по лажица и кората.
Чекор 2: Во друг сад изматете го маскарпонето. Иситнете ги бисквитите во блендер додека не станат брашнести.
Чекор 3: Соединете ги белиот и жолтиот крем и додадете го брашното од бисквити. Кремот оставете го во фрижидер да отстои околу 2 часа.
Чекор 4: Загрејте ја рерната на 220 степени и подгответе калапи за 12 мафини.
Во сад за матење ставете го путерот исечен на коцки и чоколадото за готвење, исто така искршено на мали коцки. Додадете го шеќерот во прав и мешајте додека не се изедначи смесата.
Чекор 5: Оставете ја смесата да отстои на собна температура, па додадете 2 цели јајца и 2 жолчки.
Постепено додадете го брашното и мешајте со жица внимателно за да не се создадат грутки.
Печете во калапите од 7 до 10 минути во зависност од рерната.
Чекор 6: Пред сервирање, врз секој изладен мафин ставете од мусот со лимон.
СОВЕТ: Мусот од лимон може да се сервира и сам, во чаша за десерт и да се послужи ладен.