Најмеки брзи кифлички
Состојки
- 0,5 л млеко
- 6 лажици шеќер
- 3 лажици сол
- 80 гр квасец
- 2 јајца
- 3 мали шољи (100мл шоља) масло
- 1 коцка маргарин
- 1 јајце за премачкување
- 1300 - 1400гр брашно
Подготовка
Одамна го имам рецептот и не го менувам затоа што сум одушевена колку се меки кифличките и кога се одмрзнати и кога стојат подолго време на собна температура, а и многу бргу се подготвуваат.
Млекото,шеќерот,солта,квасецот и 8 лажици брашно се мешаат заедно и се оставаат да надојде квасецот. Потоа се додаваат јајцата и маслото и се замесува помеко тесто.
Тестото веднаш се дели на 8 дела и од секој дел се сука кружна кора.
Кората се сече на 8 дела (триаголници) и се мотаат кифлички, се редат во тавче, се премачкуваат со разматено јајце и се наросуваат со сусам. Врз секоја кифличка се става по малку маргарин и се печат на 200 степени околу 15 мин.