Сок од киви
Состојки
- 1 кг киви
- 1 кг шеќер
- 1 л зовриена и изладена вода
- 1 лимонтус
Подготовка
Кивите излупете ги и сомелете ги во соковник(како кај мене), или на машинка за мелење месо. Ако ги мелете на машинка за месо, ќе треба да ги процедувате за да се тргнат семките.
Во сокот од кивите додадете ја водата, шеќерот и лимонтусот и оставете ги неколку часа, со повремено мешање за да се стопи шеќерот, потоа соберете ги во шишиња.
Забелешка-јас ставив 900 гр шеќер, нареден пат би ставила 800гр, бидејќи сакам покиселко =). Инаку сокот на кого не му е многу благ може да го пие и вака, а на кого му е благ може да го раствара, пола сок пола вода нам ни се најмногу допаѓа. Од оваа доза мене ми излезе 2л сок.