Испечати

Видео рецепт: Тробоен солен ролат

Видео рецепт: Тробоен солен ролат

Состојки

  • За ТЕСТОТО ќе ви треба:
  • 5 јајца
  • 1/2 лажичка сол
  • 5 лажици брашно
  • 5 лажици зејтин
  • 3 лажици кисела павлака
  • 1 прашок за печиво
  • 2-3 лажици ајвар
  • 2-3 лажици обарен спанаќ
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 250 гр. павлака
  • 85 гр. мајонез
  • 200 гр. шунка
  • 5-6 кисели краставички
  • 100 гр. сирење

Денес ќе готвиме заедно со Даниела, готвач член на нашата веб-страница. Даниела ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Тробоен солен ролат.

Раскошен ролат со спанаќ и ајвар во тестото, кој нема да остави никого рамнодушен со комбинацијата на вкусови и бои.

Подготовка

Чекор 1: Изматете ги јајцата со половина лажичка сол за да добиете хомогена смеса и додајте ги останатите состојки. Поделете ја смесата на три еднакви делови.

Во првиот дел додадете го ајварот и убаво измешајте да се соедини.

Во вториот дел додадете го обарениот спанаќ и повторно убаво промешајте да се соедини.

Чекор 2: Со помош на кеси и додаток од кујнски шприц, редете ги смесите во тавата за печење наизменично. Печете околу 15 минути, во загреана рерна на 200 степени. Топлото тесто замотајте го во крпа како ролат.

Чекор 3: Исечкајте ги краставичките и шунката, издробете го сирењето и измешајте ги со павлаката и мајонезот. Убаво измешајте да се соединат и премачкајте го тестото.

Чекор 4: Замотајте го ролатот и оставете го да отстои за да се спои.

Сечете парчиња со дебелина од 1 сантиметар и сервирајте.

СОВЕТ: Полнењето на ролатот може да го направите според ваш вкус, или со состојки кои ги имате во моментот.