Испечати

Ролат со маскарпоне

Ролат со маскарпоне

Состојки

  • За кора -
  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 50 мл ладно јако кафе
  • 100 гр брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • За крем -
  • 250 гр маскарпоне
  • 2 полни лажици шеќер во прав
  • 1 капсула арома прав од ванила
  • 1 ампула амарето арома или 2 лажици амарето ликер (или замена рум)
  • 200 мл слатка павлака
  • 1 лажица засладено какао + ½ лажиче инстант кафе (за посипување врз филот)

Подготовка

Густо изматете ги јајцата со шеќерот. Постепено додавајте го кафето и на крај сувите состојки предходно измешани. Распоредете ја смесата врз пек хартија во плехот од шпоретот. Печете на во загреана рерна 6-7 минути.
Оставете да подизлади, па одвоете ја кората од хартијата и повторно оставете ја врз неа.

Маскарпонето изматете го со шеќерот во прав и аромите. Посебно изматете ја слатката павлака и соединетеги смесите. Премачкајте ја кората. Одозгора попрскајте со мешавината какао и нинстанткафе и свиткајте ја во ролат со помош на хартијата.
Бидејќи има доволно крем фил, дел оставете за да го премачкате ролатот одозгора. Украсете по желба.

Совет- За кората користете многу јако црно кафе, турско или инстант кафе за да можи вкусот да дојди до израз. Ако немате амарето, заменете со рум.
Јас печев по препораките на рецептот на 250С. Кората се испече солидно, но во текот на печењето се наду, па ја боцнав со вилушка за да истуши. Не знам дали затоа што температурата и количината на прашок за пециво можеби не се совпаднаа или пак дека печев со вклучен вентилатор (сепак солидно се испече со набран горен дел од кората : ) ) , но вие ако не сакате истото да ви се случи, можи да печите на пониска температура и некоја минутка повеќе ; )

Овој ролат спаѓа во лесни десерти. Аромите се дискретни, не е многу благ, но освежителен и кремаст.