Испечати

Миризливи кекси со портокал

Миризливи кекси со портокал

Состојки

  • 100 гр маргарин
  • 70 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 2 жолчки
  • 2 лажици сок од свежо цеден портокал
  • 200 гр брашно
  • кора од еден портокал
  • 100 гр црно чоколадо
  • мармалад и чоколадни трошки по потреба

Подготовка

Драги мои, денес е 7/12/2014 година.
Убав ден, празник.Денес е Св.Катерина
Нека им е честит денот на сите оние кои го носат ова име.
Пред точно една година, односно на 7/12/2013 го објавив мојот прв рецепт на оваа страна.
Па еве 250 рецепт нека бидат овие миризливи колачиња.

Во вангличка се ставаат сите состојки, односно брашното, маргаринот, ванилата, шеќерот, кората и сокот од портокал, жолчките.
Убаво се изработуваат со рака.
Потоа на набрашнета маса се сучи кора и се вадат форми по желба.
се редат во голем плех.
се печат 15-20 минути на 180 степени.
На страна се растопува чоколадото со 1 лажица масло.
Изладените колачи на едната страна се потопуваат во растопеното чоколадо и се украсуваат со чоколадни трошки.
Дел од нив ги лепев со мармалад од кајсии.
Уживајте во убавиот вкус.