Свински џигер со прилог од кромид
Состојки
- За џигерот
- 1кг. свински џигер
- по потреба млеко
- по вкус сол
- по вкус мешан сув зеленчук
- по вкус црна пипер
- по потреба масло за пржење
- малку винска киселина
- За прилогот
- 2-3 главици кромид
- 50мл. бело вино
- по вкус зачини
- 1-2 лажици пипер буковска
- 1 кисела павлака
Подготовка
Џигерот убаво се мие, се посолува со сол, се зачинува со мешан сув зеленчук и црна пипер. Се става во длабок сад и се полева со млеко-колку да го покрие. Се остава во фрижидер најмалку 2 часа, а најдобро е преку ноќ.
Убаво се цеди од млекото и се става да се пржи на добро загреано масло во тефлонска тава. Се превртува неколку пати во текот на пржењето. Во тавата во почетокот на пржењето ќе има течност, но ќе испари. Се попрскува со малку киселина. Штом ќе биде пржен од двете страни, извадете го.
Пред да се почни со подготовката на прилогот, со лажица се чисти гаражот од пржењето на џигетот, да остане само маслото. Се додава кромидот исечен на резанки. Се посолува. Се пржи додека убаво омекне и стане стаклено провиден. Тогаш се додава белото вино и се динста додека испари течноста, испарува и алкохолот, а остануваат винските шеќери кои му дават посебен шмек на јадењето.Зачинуваме со мешан сув зеленчук и црна пипер. На самиот крај ја додаваме пиперта, промешуваме убаво и тргаме на страна од оган. Ја додаваме киселата павлака, убаво изедначуваме и враќаме на оган да прокрчка се заедно на кратко.
На здравје!
*Во млеко се става џигерот да одстои за да биде мек, а киселината при пржењето за да се неутрализира малку специфичната миризба.