Испечати

Кисела чорба со цревца

Кисела чорба со цревца

Состојки

  • пар цревца
  • 2 компира
  • 1 кромид, лук
  • 1 снопче млада коприва или спанаќ
  • 1 јајце, лимон, црвен пипер,бибер и сол

Подготовка

Оваа чорба се праи традиционално ден после свињокол и винопој, оти на денот дури се работи се пржи праз, мевце и џигерџиња, суви пиперки и се пие вино со комшиите...Е утрешниот ден се почнува со ваква чорба за освежување и закрепнување!
Цревцата се чистат во неколку води, потоа се превртуваат со дрвено стапче и се мијат со бел оцет и малку крупна сол. Не треба да стојат во солта за да не се кинат. Потоа се провриваат 5 минути и се сечат на парчиња околу два сантиметри.
Во тенџере се запржува кромидче и зеленчук по избор се додава компирот и цревцата и се остава да се свари. Се додава сецкана коприва,сол и бибер и лукче за да има мирис и црвен пипер. По 5 минути се трга од оган.
Се мати едно јајце со оцет или еден лимон кој се додава малку по малку, се додава од жешката чорба по малку за да нема грутки и потоа се става во тенџерето.
Се служи со пиперчиња и расолница ! На здравје !