Роденденска торта
Состојки
- Пандишпан
- 4 јајца
- 1,5 шоља(од 250мл) шеќер
- 1/2 шоља млеко
- 2 шољи брашно
- 3/4 шоља масло
- 1 пециво
- 1 ванила
- 3 лажици какао
- Фил 1
- 500мл. млеко
- 1 пудинг од ванила
- 1 ванила
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици густин
- 2 лажици бел еурокрем
- 200гр. маргарин
- 20 шеќер во прав
- Фил 2
- 160гр. путер
- 160гр. шеќер во прав
- 2 жолчки
- 80гр. чоколадо за готвење (70% какао)
- 100мл. слатка павлака
- 1 лажица црн еурокрем
- Ганаш
- 200гр. чоколадо за готвење (70% какао)
- 180мл. слатка павлака
Подготовка
Ова беше годинешнава торта за роденденот на маж ми.
Подготовка на пандишпан
Изматете ги пенесто јајцата, шеќерот и ванилата.
Потоа додајте го млекото и маслото и проматете уште 1 минута.
Додајте го брашното измешано со пецивото и измешајте убаво со жица.
Поделете ја смесата на 2 еднакви дела.
Во едниот дел од смесата додајте го какаото.
Печете ги во 2 исти округли калапи на 180 степени.
Испечените пандишпани оставете ги убаво да се оладат, а потоа пресечете ги на 2 дела.
ФИЛ 1
Ставете го млекото заедно со шеќерот и ванилата да се загрее до зовривање.
Густинот и прашокот за пудинг разматете ги со малку млеко, па додајте ги во стопленото млеко.
Мешајте со жица додека се згусти, а потоа оставете убаво да се олади.
Посебно изматете го маргаринот со шеќерот во прав.
Додајте го оладениот крем и белиот еурокрем.
Со најмала брзина од миксерот убаво соединете го филот.
ФИЛ2
Пенесто изматете го путерот со шеќерот во прав.
Додајте ги жолчките(ако сакате обработете ги претходно на пареа), растопеното чоколадо и еурокремот.
Изматете со најмала брзина на миксерот.
Потоа додајте ја изматената слатка павлака и полека измешајте со шпатула.
На подлога за торта ставете една половина од кафеавиот пандишпан, нанесете половина од првиот фил, потоа ставете жолт пандишпан, половина од вториот фил, пак кафеав пандишпан, остатокот од првиот фил, жолт пандишпан.
Целата торта премачкајте ја со остатокот од вториот фил.
Ставете ја тортата во фрижидер да се стегне.
Ганаш
Слатката павлака ставете ја убаво да се загрее до зовривање, а потоа додајте ја во сад со чоколадо искршено на коцки.
Мешајте додека чоколадото убаво се растопи.
Со ганашот премачкајте ја целата торта и украсете по желба.