Видео рецепт: Пилешка тава со зеленчук
Состојки
- 800 гр. пилешки стек
- 2 чешниња лук
- 2 главици кромид
- 300 гр. шампињони
- брокула (или карфиол)
- црвен пипер
- малку кумин
- 500 мл. павлака за готвење
- 2 лажици брашно
- малку презла
- кашкавал по желба
Фичо ќе ни даде одлична идеја за семејниот ручек, тава со пилешко и зеленчук во бел сос.
Подготовка
Чекор 1: Пилешкото месо малку проварете го. Не треба да биде сварено, само малку проварено. Тргнете го на страна да се олади.
Чекор 2: Исечкајте ги лукот и кромидот и пропржете ги без масло да испари течноста. Додека тоа се приготвува, исечкајте ги шампињоните на четвртинки и пропржете ги на малку путер и на јак оган.
Чекор 3: Иситнете го месото на мали парчиња со рака и поставете го по цела тава. Зачинете со црвен пипер и кумин. Врз него ставете ја смесата со кромид и лук, а потоа иситнетата брокула и печурките.
Чекор 4: Во сад на оган ставете ја павлаката за готвење и додадете го брашното растворено да нема грутки. Оставете да зоврие.
Чекор 5: Смесата во тавата прелејте ја со сосот, наросете презла и печете во загреана рерна на 200 степени 15 минути.
СОВЕТ: По желба, пред печење најгоре изрендајте кашкавал или моцарела.