Ресана колач
Состојки
- 5 јајца
- 8 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 4 лажици зејтин
- 4 лажици ладна вода
- 1/2 кесичка (5 гр) пециво
- 1,5 лажица какао
- фил
- 750мл млеко
- 7,5 лажици густин
- 150гр шеќер
- 250гр маргарин
- 250гр шеќер во прав
- 1 кесичка (10гр) ванилин шеќер
- 50гр чоколада за готвење
- 400гр ресана
- 1 портокал
Подготовка
Јајцата се матат со шеќерот додека убаво запенат. Постепено се додава зејтинот, водата, брашното и пецивото. Смесата убаво се мати и се дели на два дела. Во едниот дел се додава какаото. Се печат две кори-една жолта една црна.
Фил
Се вари крем во засладеното млеко. 500мл млеко се става со 150гр шеќер да зоврие. Одкако ќе зоврие кон млекото се додава густинот изматен со 250мл млеко и се вари густ крем.
Одкако ќе се олади кон кремот се додава изматениот маргарин со шеќерот и се мати се заедно додека се добие мазен крем.
Кремот се дели на два дела-во едниот се додава ванилата, а во другиот чоколадата за готвење.
На чинија за торта се реди прво црната кора, па се премачкува со жолтиот фил.
Над филот се реди еден ред ресана свртена со чоколадниот дел према филот. Пред да се нареди ресаната кратко се макнува во сок од портокал.
Над ресаната се става црниот фил, па над него жолтото тесто. Одозгора може да се премачка со дел од филот, па рендана чоколада или може со чоколаден прелив.
Вкусен колач со прекрасен мирис.