Мали буречиња со мелено месо и кајмак
Состојки
- 500 гр готови танки кори
- 400гр мелено месо
- 1 главица сецкан кромид
- сол, бибер, зачин, масло
- 200гр кајмак
- за премачкување на корите
- 450-500 мл кисела вода
- 20 гр квасец
- 60 мл масло
- 5 лажици брашно
- 1/2 лажиче сол
- 1/4 лажиче шеќер
Подготовка
Многу вкусни, брзи буречиња.
Внимавајте на кајмакот, јас ставав по едно мало лажиче на една кора, за да не бидат многу мрсни.
Прво на загреано масло се пропржува кромидот, па се додава месото.
Пред крај се зачинува со зачин, бибер.
Сега се спрема кашичката за премачкување.
Во касерола се ставаат состојките, водата, маслото, квасецот, сол, шеќер, брашното и убаво се промешува.
Се остава 15 минути да одстои.
Се зема една кора се премачкува со кашичката со четка, се става од меленото месо, па од кајмакот, се завиткува во ролатче, па во полжавче.
Така се постапува со целиот материјал.
Со остатокот од кашичката, се премачкуваат и одозгора.
Се оставаат 10 минути, па се печат околу 30 минути на 200 степени.
се сервираат со јогурт.