Испечати

Тарт со компир и спанаќ

Тарт со компир и спанаќ

Состојки

  • 6-8 големи компири
  • 300 гр. спанаќ
  • 1 главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 50 гр. путер
  • по ваш вкус и избор микс на зачинки - рузмарин, бела детелина, чубрика, миродија, сув магданос, бибер, сол
  • 2 јајца
  • 100 гр. кисела павлака - може и течна павлака за готвење
  • 100 гр. кашкавал
  • 100 гр. димено сирење или топено сирење
  • 100 гр. сино сирење
  • за посип
  • 3-4 лажици трошки од сув леб
  • микс од рузмарин и бела детелина
  • малку зејтин

Подготовка

Јас да предложам и оваков Тарт, видено е на ТВ, го спремив, супер задоволни сите по дома... еве го на ваша понатамошна услуга доколку ве бендиса и разбира се- доколку сакате овакво приготвување... значи, вака ... читајте,
- Измиениот спанаќ ставете го касеролата без вода и на тивко оставете да се бланшира или пак ставете го на пареа - ваш избор, стиснете го да се исцеди вишетокот на течноста што ја содржи. Оставете го настрана да олади.
- Изронете свеж но сув леб на ситни трошки, додадете миксот на зачинките, ставете малку зејтин во нив и измешајте ги.
- На коцки исечете го сирењето и кашакавалот.
- Лукот излупете и исечкајте.
- 3-4 компира сварете ги, излупете ги и згмечете ги, но не многу - пожелно е да има парчиња поголеми, односно не ги гмечете како да спремате пире. Можете и лупени да ги варите, исцедете од водата - згмечете. Додадете во нив половина од путерот и измешајте. Осолете по ваш вкус, овкусете со сецкан рузмарин свеж или сув, додадете и бела детелина. Измешајте.
- На остатокот од путерот ставете да се пржи ситно сецканиот кромид. Додадете го кај компирот, измешајте. Оставете да олади па во оладен компир додадете ги јајцата и павлаката.
- Останатите компири излупете и исечете на тенки парчиња како за чипс.
- Модлата на откопчување премачкајте ја со путер, маргарин или зејтин и посипете со лебни трошки, наредете го компирот по дното и зидовите..
- На днотото поставете полвината од смесата од варениот компир, врз него ставете го спанакот, врз спанакот посипете го сецканиот лук и ставете го кашкавалот и сирењата, врз нив ставете ја другата половина од смесата со компирот. Сега одозгора посипете со лебните трошки кои се веќе зачинети, додадете во нив малку зејтин - измешајте ги и посипете по површината од веке сперамниот тарт.
- Ставете да се пече околу 30 мин, на 180 степени.
- Извадете - сочекајте малку да олади, извадете од модлата и служете со зелена салата или некој млечен сос.
Напомена
Доколку сте стрпливи навистина да сочеката да се олади (не како мене) ке можете да вадите солидни парчиња како торта. Одличен тарт, одлични вкусови, ви го препорачувам.
- Јас овојпат немав ниту пушено ниту сино сирење... ама гледате на фотографиите, си ставив кашкавал и повеке зденки... супер. Го правев и со течна и со кисела павлака - подеднакво е добро макар да морам да си го кажам сега моето индивидуално мислење (издвоено од останатите консументи) дека со кисела павлака за нијанса ми е повкусен.
Па драги мои, Бон Апетит!!!