Гурманска тава
Состојки
- 1кг. свинска удина
- 1/2кг. свинско мелено месо
- 1/2кг. чадени свински колбаси со лукче
- 1-2 лажици сенф
- по вкус сол
- по вкус мешан сув зеленчук
- 1 пакетче мешавина за плескавици и ќебапи
- 1 лажица буковска пипер
- 1 главица кромид
- 2-3 ловорови ливчиња
- 2-3 лажици брашно
- 1дл. бело вино
- по потреба вода
- 1 голема тегла маринирани печурки
- 1 кисела павлака
- 250гр. кашкавал
Подготовка
Св. удина се сече на коцки и се додава сенфот, сол, мешаниот сув зеленчук, црната пипер. Убаво се трие со раце, за да се впијат зачините.
Се остава да одстои најмалку 2 часа.
Во меленото месо се додава готовиот зачин за мелено месо, подготвен према упатството на него и 1 лажица пипер буковска. Нека одстои некое време во фрижидер, 1-2 часа смесата и обликовајте мали ќофтенца.
Колбасите исечете ги на парчиња со сакана големина.
Во загреана мрснотија најпрво се пропржува удината, на кратко додека порумени. Се префрлува во пекач.
Потоа во истата мрснотија се пропржуваат колбасите, па ќофтенцата.(Како што се пржат состојките така се ставаат во пекачот.)
Во мрснотијата се пропржува и ситно сецканиот кромид.Кога ќе стане провиден, стаклест се додава во пекачот-без мрсното.
Во пекачот се додава и виното, ловоровите ливчиња, се налева вода да го покрие месото.Настрана се раствора брашното со малку вода.Кога убаво ќе се раствори преку цедалка за чај се излева во целокупната содржина.Се обликова пекачот или тавата со фолија и се става во загреана рерна на 200Ц. степени околу 2 часа или додека се зготви месото.
После тоа време се додаваат пропржените печурки. Содржината ја префрламе во земјена тава. Во течноста ја додаваме киселата павлака и убаво ја раствораме. И ова го додаваме сега во земјеното.О дозгора покриваме со рендан кашкавал и ставаме да се подпече додека убаво се растопи кашкавалот и прокрчка сосот.
Сосот е многу вкусен.
Јадењево вреди да се најде на Вашата трпеза за некој убав повод!
*Ќофтенцата можи да си ги подготвите и на вообичаен, стандарден начин без да ја додавате мешавината, и така и така се вкусни.
*Видовите на месо можи да си ги искомбинирате и по ваш вкус-со телешко, пилешко...