Испечати

Проја мафини

Проја мафини

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 чаша(од 200мл.)пола пченкарно пола пченично брашно
  • 1/2 чаша масло
  • 1/2 чаша млеко
  • 1 лажичка прашак за пециво
  • 100гр. дробено сирење
  • малку сол и сусам

Подготовка

Подготовка.
Јајцате изматете ги пенесто, додадете го маслото, млекото, пецивото и брашното. Смесата без миксер убаво соединете ја со мешање.
Сирењето здробете го и додадете го во смесата. Во силиконскиот калап полека сипете од смесата идентично, но немој да ги полните мафините до горе, оставете простор да можат да нараснат. Пред печење посолете сусам.
Печете на 200степени половина час додека не добијат убава жолта боја.
Од оваа количина излегуваат дванаесет мафини.
Добар апетит!!!