Испечати

Шлаг торта

Шлаг торта

Состојки

  • 150 гр шлаг
  • 4 банани
  • 200 гр црно чоколадо за готвење
  • 230 мл млеко
  • 400 гр бисквити
  • 50 гр сецкани ореви

Подготовка

1. Бананите ги пасираме со вилушка. Потоа ги бијаме со миксер.
2. Чоколадото го топиме на пареа и го додаваме во бананите.
3. Шлагот го биеме заедно со млекото. Изматениот шлаг го додаваме во бананите и чоколадото. Мешаме со дрвена лажица.
4. Бисквитите ситно ги дробиме. Бисквитите и оревите ги додаваме во претходно подготвената смеса. Мешаме додека да се соединат состојките.
5. Смесата ја ставаме во ребрест калап претходно обложен со најлонска фолија. Се остава на ладно да се стегне.
6. Се вади од калапот и се украсува со шлаг.