Посна баклава со црни сливи и ореви
Состојки
- 500 гр готови танки кори за баклава
- 300-400 гр суви сливи без семка
- 100-150 гр јатки ореви
- 125 гр маргарин
- 125 гр масло
- цимет, морско оревче
- шербет
- 700 гр шеќер
- 600 мл вода
- лимон
Подготовка
Многу брза, вкусна посна баклава.
Прво во касерола на оган се ставаат шеќерот и водата да се вари шербетот околу 5-8 минути.
Се додаваат кришки лимон.
Нека се излади.
Се ставаат црните суви сливи во топла вода да одстојат 1 час.
Потоа се цедат и се редат на кујнска крпа.
Во внатрешноста на секоја слива се става по 1/4 јатка орев.
На оган се ставаат маслото и маргаринот да се растопат.
Сега се зема една кора се попрскува со маснотијата, се става втора кора ,и таа се попрскува, па трета кора, се попрскува и таа.
На почеток на кората се редат полнетите сливи.
По вкус се попрскуваат со цимет и морско оревче.
Се завиткуваат во ролатче.
Така се постапува со целиот материјал.
Се сечи баклавата на парчиња и се попрскува со останатата маснотија.
Се печи 45 минути на 170 степени.
Топлата баклава се попарува со ладниот шербет.
Нека одстои барем 5-6 часа , па се сервира.