Испечати

Славска компир салата

Славска компир салата

Состојки

  • 1 кг компир
  • 5-6 кисели краставички
  • 2 главици кромид
  • сол, бибер по вкус
  • масло, оцет по вкус

Подготовка

Мојата баба Цана во својот живот и дом има прославено 50 слави Ѓурѓовден и 50 слави Митровден. Нешто најслатко, незаменливо и нешто што без исклучок се подготвувало на тие собири во чест на светители, е добро познатата компир салата.
Баба ми веќе не подготвува и славите ги превзема мојот вујко, но јас и ден денес кога ќе решам да ја подготвам салатата ме потсетува на деновите кога славата се славеше во селскиот амбиент на домот на баба ми. Во нејзина чест ви ја презентирам оваа едноставна компир салата.

Компирот го вариме, го лупиме и сечкаме на мали парчиња. Кромидот и киселите краставички ги сечкаме на ситно. Сето ова го мешаме и зачинуваме по вкус.
Оригиналната верзија е без кисели краставички.

Инаку се подготвуваше во големи садови, вангли и беше на трпезата присутна заедно со неизоставната салата од зелка со маслинки, леблебијата и сувото грозје, сармата и гравчето, како и парените и суви колачиња подготвени со сало.

Е па нека ви е среќна славата!