Колачиња Снегулки
Состојки
- 125гр путер на собна температура
- 100гр кафеав шеќер
- 125гр мед/густ маџун/малтекс
- 1 поголемо јајце
- 380гр брашно
- 1/2 лажичка ѓумбир во прав
- 1 лажичка цимет
- 1/4 лажичка каранфилче
- 1 лажичка сода бикарбона
- За декорација
- 200гр шеќер во прав
- 1 белка
Подготовка
Прво се подготвува тестото за колачите
Се мешаат во поголем сад сувите состојки брашното, зачините, содата, а во друг поголем сад се мати путерот со шеќерот, па се додава јајцето и на крај медот. (јас ги направив со мед, поубави ми се). Па на ова се додава предходно измешаното брашно со останатите состојки. Убаво се меша да стане тестасто. Кога убаво ќе се состави се става во најлонска фолија и се остава да се лади 1 час. Откако ќе се олади се вади и се засукува и се вадат форми со калапчиња. Се ставаат во плех и да се печат на 180 степени околу 8-10 минути. Потоа се оставаат да се оладат а за тоа време го припремаме шлагот за декорација.
Матиме една белка од поголемо јајце со шеќер во прав. Се мати додека не стане многу густо, ако треба може да се додаде уште прав шеќер. Потоа во шприц за декорирање се цртаат разни декорации на колачите и се оставаат да се исуши шлагот. Во шлагот може да се додаваат разни прехрамбени бои за да изгледаат шарени колачите.
Пријатно јадење