Испечати

Месни тавички со вргањ

Месни тавички со вргањ

Состојки

  • 400 гр свинско месо
  • 400 гр пилешки стек
  • 500 гр вргањ
  • 4-5 главици кромид
  • 4 моркови
  • 250-300 гр кечап или доматно пире
  • 100 мл вода
  • 1 лажица јадра сол
  • 2 лажици мешан зачин
  • 1 лажичка оригано
  • 1/2 лажичка црн бибер мелен

Подготовка

1. Кромидот ситно се сечка и се запржува со ренданите моркови
2. Се додаваат двата вида месо исечкани на мали коцки (големи 1-2 см )
3. Се пропржува кратко и се додаваат печурките исечкани на коцки (големи 1-2 см)
4. Откако ќе омекнат состојките, се додава кечапот и зачините
5. Уште малку се динста и се додава водата
6. Откако ќе зоврие смесата се реди во земјена тава или тавички помали, се попрскува со оригано и се става во рерна да се пече