Бомбици од банани (посно)
Состојки
- 150 гр маргарин
- 150 гр шеќер во прав
- 2 банани
- 300 гр бисквити мелени
- 100 гр ореви мелени (и малку потпечени)
- За чоколадирање
- 200 гр чоколадо
- 3 лажици масло за јадење
Подготовка
1. Маргаринот и шеќерот во прав се матат со миксер
2. Бананите се пасираат и се додаваат во маргаринот
3. Потоа се додаваат и бисквитите и оревите, а може и малку кокос (по желба, но јас не додадов овде)
4. Се формираат бомбици
Глазура
1. Чоколоадото со маслото за јадење се растопуваат на ппареа и со оваа глазура се чоколадираат бомбиците
2. Одозгора се декорира со ситно мелени ореви
3. Се служат во книжни корпици