Испечати

Посни сникерс бомбици

Посни сникерс бомбици

Состојки

  • 100мл. вода
  • 100гр. шеќер
  • 100гр. посно чоколадо
  • 200гр. испечени мелени несолени кикирики
  • 200гр. посни мелени бисквити ( без јајца и млеко)
  • по потреба мелeни ореви

Подготовка

Еве ви предлог за десерт кој за време на постиве убаво ќе ве заслади.
1. Шеќерот и водата ставете ги во тенџере на оган, кога ќе почнат да вриат додајте го и на коцки чоколадото да се растопи.Тргнете ги од оган.
2. Во смесата додајте ги и мелелните кикирики и мелените бисквити.Размешјате ги покријте ги со фолија и ставте ја смесата во фрижедер околу 1 час.
3. Извадете ја смесата од фрижедер, формирајте топчиња од смеата , валкајте ги топчињата во мелните ореви и уживајте!