Салата од ајвар и мајонез
Состојки
- 200 гр ајвар
- 70-80 гр мајонез
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажица сенф
Подготовка
1. Лукот ситно се сечка и се толчи во аван
2. Во истолчениот лук се додава ајварот, сенфот и мајонезот и се промешува да се соединат
3.Се служи салатата добро изладена во фрижидер